Три-четири локации во игра за новиот клинички

274
20051230 Friday 0048 Klinicki centar Majka Tereza Vlez

Условите во здравствениот систем се подобруваат и јакнат и тоа го гледаме во континуитет. Секако, на Македонија и треба еден нов, современ клинички центар затоа што парцијалното решавање само на дел на клиники на и така тесното грло „Водњанска“ кое го има во центарот на градот беше причината да не го прифатиме овој проект. Три или четири локации се во опција кои ќе дадат најбрза, динамична изведба на новиот клинички центар. Се работи за проект од 450 милиони евра – изјави денеска премиерот Зоран Заев, по посетата на привремените живеалишта на бездомници во Визбегово.

Заев информира дека владината комисија ги одржала неопходните седници. Верува дека во наредниот период, до крајот на ноември, ќе се одржи дебата и во Парламентот за да почне носењето одлуки.

– Постојат локации во рамки на ГУП на Град Скопје, таа која ја објавивме кога ја укинавме локацијата на стариот клинички центар. Постои локација во Петровец, во Ѓорче Петров и уште една, четврта локација. Денеска архитектите и инженерите утврдуваат која локација е најсоодветна, да биде сто отсто на Република Македонија, да има урбанизам, да не биде мочурливо земјиште за да можеме брзо да стартуваме. Верувам дека во 2019 година, уште на почетокот ќе можеме да распишеме тендер за избор на изведувач, а некаде до крајот на 2019 да почнеме со изградба на клиничкиот центар – рече Заев.

Амбициозни се плановите, нагласи тој, а опозицијата тврди дека до крајот на мандатот нема да можеме да ставиме темели.

– Верувам дека ако заедно работиме, можеме да успееме и во тоа – додал Заев.

Во врска со Фондот за лекување во странство на лица до 18 години, кој го ветувале во предизборната кампања, Заев рече дека овој Фондот постои и досега нема вратено дете. Самиот овој Фонд, како што нагласи, не дозволува ниту едно детенце да биде вратено во странство. Посочи дека некогаш родителите не сакаат лекување дома, туку сакаат во странство.

– Ние сме успешни. На Хематологија лечењето на леукемија дава успешни резултатаи. Капацитетите се зголемени. Сето тоа значи ако трошиме од 120 до 200.000 евра за лекување во странство, овде истото тоа многу успешно, некогаш и многу поуспешно поради тоа што родителите се овде, до дечињата. Тоа во странство не е секогаш така. Овозможуваме тоа да го направиме со 50 или 70.000 евра. Сите тие пари остануваат во здравството за да се помогне и да се зголемат домашните капацитети. Секое дете во Македонија е гарантирано со здравствена заштита, за дома или за лечење во странство – рече Заев.

Премиерот информира дека работат на враќање на довербата кај родителите во македонскиот здравствен систем. Замолуваат родители кои го искусиле практичното искуство дома, да зборуваат за тоа, како нивни лични примери.

– Јас ги знам дечињата по имиња. Целосно сме посветени. Секое детенце кое е низ процедурите, се вклучувам директно и јас, не само министерот за здравство, не само директорот на Фондот за здравство, не само лекарите кои даваат конзилијарни мислења. Следиме се што се случува во Македонија, но мораме да ја јакнеме довербата во домашното здравство. Тоа го правиме секако со создавање услови дома, со сите инвестиции кои се случуваат во клиниките – рече Заев.

Тој додаде дека интензивно се работи, голем дел од клиниките се целосно модернизирани, опремата континуирано се набавува. Изрази надеж дека ќе ги мотивираат медицинските сестри и лекарите ако го заокружат буџетот онака како што планираат.

Вака создаденините услови, како што рече, мора да генерираат доверба на граѓаните, а сите ние сме потенцијални пациенти, кон домашното здравство, кон лекарите, медицинскиот персонал и севкупното здравство во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...