Радев: БПЦ треба да води сметка за блискоста со Македонија

166

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека прашањето за заложбите на Бугарската православна црква за признавање на независноста на МПЦ-ОА се во целосна надлежност на БПЦ, но треба да се води сметка за блискоста со Македонија.

– Тоа прашање е целосно во прерогативите на Бугарската православна црква. Но за време на мојата официјална посета во Република Македонија јас бев со двајца бугарски митрополити – Николај и Кипријан. Тука државата не може да се меша, но треба да се води сметка кога православните цркви ќе го решаваат тоа прашање дека од двете страни на границата меѓу Македонија и Бугарија имаме заеднички имиња, имаме заедничка историја, имаме заеднички празници и сме исклучително блиски. Нека води сметка за тоа и црквата – изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

Одговорот на Радев беше за тоа дали ги поддржува заложбите на БПЦ за признавање на независноста на МПЦ-Охридска архиепископија и заедничкото сослужение меѓу двете цркви. 

Бугарскиот претседател Румен Радев беше во посета на Македонија во минатиот месец и притоа го посети Бигорскиот манастир каде од свештената бигорска обител беше пречекан во манастирски и црковен ред. Радев беше првиот претседател на странска држава кој го посетил тој манастир.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...