Премиерот Зоран Заев најави дека до крајот на годината можна е промена на некои министри.
Меѓутоа, за реконструкција, рече тој, не размислуваат при вакви сериозни парламентарни процеси.
– Ако некој министер не доаѓа во Владата, логично е дека треба Владата да седне, да размисли, тоа да се промени. Тоа е редот на работите. Секако разговараме со коалициските партнери, кои споделиле одговорност со нас и во делот на другите ресори – рече Заев.
Медиумите веќе подолг период пишуваат дека вицепремиерот за рамковен договор, Хазби Лика, околу половина година само повремено се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, а и првпат од потпишувањето на Рамковниот вицепремиерот кој е задолжен за него, не беше домаќин од настанот организиран по повод годишнината од потпишувањето.
Неофицијално, информациите се дека Лика ја „бојкотира“ работата во Владата поради несогласување со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за одредени кадровски решенија кои не му поминале.