Тодоров – Хан: Неопходно е ВМРО-ДПМНЕ да се демократизира

252

Екс министерот за здравство, а сега исклучен од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, кој е дел од паралелната делегација која присуствува на Конгреспт на ЕПП во Хелсинки по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, на Фејсбук  напиша дека разговарале за заканите, и притисоците со кои се соочуваат сите кои мислат поинаку од актуелното партиско раководство.

– Од двете страни беше изразена силна поддршка за евро-интегративните процеси на Македонија и потребата од имплементација на реформите неопходни за интеграција на Македонија во ЕУ. Беше истакната и неопходноста од демократизација на партијата преку измена на статутот на партијата со цел ВМРО-ДПМНЕ да продолжи да дејствува како европска, модерна центар-десна партија. Од страна на еврокомесарот беше потенцирано дека заканите и притисоците мора да запрат и беше изразена јасна поддршка за одлучните и храбри чекори кои се во правец на интеграција на Македонија во Европската Унија, напиша Тодоров.

Тодоров остварил и средба со европратеникот Едуард Кукан и Манфред Вебер кој најверојатно ќе биде кандидат на ЕПП за претседател на Европската комисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...