На магистралниот пат село Подмоље-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(21) од село Црвици, кичевско и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(40) село Мешеишта-општина Дебарца.
Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.