И Македонци студираат на Универзитетот во Каен

187

Високото образование секогаш се поврзува со истражувачки проекти и научна работа. На Универзитетот во Каен главното финансирање на научната дејност е преку учество на повици за проекти – вели во интервју за МИА Пјер Дениз, претседател на Универзитетот Каен, во истоимениот град во француската област Нормандија, позната по богатото историско наследство.

-На Универзитетот во Каен се нудат сите нивоа на студии во речиси сите домени, од прва година се до докторски студии и истражувачки проекти. Високото образование е секогаш поврзано со истражувачките проекти, со научна работа. Имаме поголеми истражувачки центри. Располагаме со 46 лаборатории, од кои 22 се од поголем тип и се поврзани со други национални институти. Во однос на принципот на нивното финансирање, основните финансии доаѓаат од самиот Универзитет, потоа од националните истражувачки центри за научна работа, а најголем дел и главното финансирање е преку учество на повици за проекти – вели Дениз.

На овој француски универзитет со речиси шествековна традиција (1432 година), кој е меѓу најстарите во Европа, веќе четврта година студираат и студенти од Македонија и тоа со голем успех, посочува Дениз. Во моментов ги има 26 и се запишани на студии во најразлични области, од информатика до биологија и хемија, јазици… Двајца се на магистерски студии.

Тој посочува дека често има повици за проекти на кои аплицираат, а може да бидат повици кои ги објавува регионот, на национално ниво, или пак доаѓаат од европските фондови.

– Можам да кажам дека во Каен може да вршите научно-истражувачка работа во сите домени. Во однос на научно-истражувачките проекти она што не издвојува, што прави да бидеме поразлични и многу подобро развиени од другите, е во доменот на нуклеарната физика. Располагаме со еден огромен акцелератор што произведува тешка вода, какви има само четири во светот. Потоа, особено добрите можности што се нудат во доменот на математиката, на се што е поврзано со студии по медицина, биологијата и дигитална документација – истакнува Дениз кој е доктор по неврологија и професор по медицинска физиологија.

 

Интревјуто со Дениз, кој според нашето поимање е со ранг ректор на Универзитетот Каен, е реализирано за време на неговиот престој во Македонија, по повод учеството на Саемот за студии во Франција 2018 година. Традиционално, саемот го организира Францускиот институт во Скопје. Целосното интревју МИА ќе го објави утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...