Група поддржувачи на движењето „Македонија блокира” вечерва во Вевчани одржаа протест пред општината и пред домот на пратеникот Крсто Мукоски.
Демонстрантите му врачија протестно писмо во врска со неговото гласање за уставните измени и од него побараа да ја промени својата одлука при повторното гласање во Собранието кога ќе биде потребно двотретинско мнозинство за потврдување на уставните измени.
Во Вевчани и пред домот на Мукоски имаше засилено полициско обезбедување, јави 24 Вести.
Пратеникот ги замоли демонстрантите да се повлечат и ги покани во својот дом на кафе.