Протести за правда на Груевски

Демонстрантите го повикаа претседателот Ѓорѓе Иванов „да донесе одлука со која ќе го прекине политичкиот прогон кој се спроведува во Македонија“.

1871

Околу 19 часот пред Кривичниот суд започна протестот за правда за експремиерот Никола Груевски, кој според судската одлука, утре треба да се јави на издржување затворска казна во траење од две години.

Во повикот за протестот се повикуваа сите граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ, Македонци и Македонки, да дадат поддршка на поранешниот премиер, кој според напишаното, е жртва на неправда.
Александар Трајковски во име на демонстрантите порача дека самоиницијативно се организирале како членови на ВМРО-ДПМНЕ со цел да упатат порака да запре политичкиот прогон против Груевски.

 

Меѓу присутните на вечерашниот протест за правда на Никола Груевски, беа и Јохан Тарчуловски и Владимир Талески. Груевски доби поддршка и од Драган Данев и Стевчо Јакимовски.

Трајковски го повика и претседателот Ѓорѓе Иванов да донесе одлука со која ќе го прекине политичкиот прогон кој се спроведува во Македонија.

 

фото: „Слободен печат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...