Двојно зголемени нивоата на неколку реки, Црна под просекот

Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија, како и Пчиња кај Катлановска Бања бележат одредени покачувања.

195
20130509 Thursday 1420 Skopje vardar izlean reka podignato nivo visok vardar kameni most poplava

Двојно зголемени се водостоите на Сатеска кај Ботун, Треска кај Македонски Брод и Вардар кај Зајчев Рид во однос на просекот за март, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија, како и Пчиња кај Катлановска Бања бележат одредени покачувања, Брегалница и Крива Река не отстапуваат значително, додека Црна Река кај Новаци е под просекот.

Ниовата на езерата се речиси непроменети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...