Власта преку судството врши притисок и политички прогон, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељановски на почетокјот на комисиската расправа за одземање на мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски.
– Денес се бара одземање на мандатот на долгогодишен пратеник и премиер поради процес во кој нема докази дека осудениот се стекнал со каква билко материјална корист – рече Вељановски.
Тој оцени дека преку погазување на правото, правдата и судството се дефокусира јавноста.
По ова членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за мандатно имунитертски прашања ја напуштија седницата.
На седницата беше поканет и Груевски, но не присуствуваше бидејќи е на судење за предметот „Титаник“.