Загинал велосипедист од светиниколско, откако во него удрило возило, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера околу 17.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки удрило во 70-годишниот велосипедист Т.С. од село Стањевци, светиниколско. Тој починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе – велат од МВР.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.