Аргентински мразокршач спаси петмина американски научници, кои беа заробени на остров во близина на Антарктикот.
Министерството за надворешни работи на Аргентина соопшти дека спасените научници со хеликоптер се префрлени на мразокршачот, затоа што бродот не можел да му пријде на островот бидејќи ледената пречка била премногу тврда.
Научниците се во добра здравствена состојба, а во САД ќе бидат префрлени кога тоа ќе го дозволат временските услови.
Фото: EPA/NASA/GSFC/METI/ERSDAC/JAROS