Меган Маркл и кралицата Елизабета првпат заедно во јавноста

Според западните медиуми, тоа претставува значаен чекор во вклучувањето на американската актерка во британското кралско семејство.

581

Вереницата на британскиот принц Хари, Меган Маркл првпат се појави во јавноста до кралицата Елизабета, на одбележувањето на Денот на Комонвелтот, во лондонската Вестминстерска катедрала.

Според западните медиуми, тоа претставува значаен чекор во вклучувањето на американската актерка во британското кралско семејство. Тој момент беше бурно поздравен од насобраната толпа пред катедралата.

Ним им се придружија и принцот Вилијам со својата сопруга Кејт, принцот Чарлс и останатите членови на кралското семејство.

Свадбата на принцот Хари и Маркл ќе се случи на 19 мај во замокот Виндзор.

Фото: EPA/ROBERT PERRY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...