Институциите ќе ги „отворат“ податоците за јавноста

538
Информацијата за отворени податоци, предложена од Министерството за информатичко општество и администрација, беше усвоена на денешната владина седница.

„Отворените податоци се податоци достапни во компјутерски обработлив формат што можат да се користат слободно, да се споделуваат, да се редистрибуираат и да се реискористуваат од секого и секаде, за секоја цел“, информира валдината прес-служба.

Согласно информацијата, секоја институција, податоците кои ги произведува треба да ги стави на располагање на јавноста и да ги користи секој што има потреба од тоа.

Владата го утврди и составот на деветчлената ад-хок координативна група за развој на концептот „Едно општество и интеркултурализам“. Координатор на оваа група е Рубин Земон, посебен советник на премиерот за развој на мултикултурното општество, интеркултурализмот и интеркултурните комуникации. Претседател на координативната група е министерката за правда Рената Дескоска, а нејзин заменик министерот за култура Асаф Адеми.

Во координативната група за развој на концептот „Едно општество и интеркултурализмот“ членуваат Аксел Ахмедовски, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Петар Атанасов, заменик-министер за образование, Илхан Рахман, директор на Агенција за остварување на правата на заедниците, Дарјан Сотировски, директор на Комисија за односи со верските заедници и религиозните групи, Јована Тренчевска, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и Фатон Ахмети, државен секретар за спроведување на Охридскиот Рамковен договор. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...