Лазаревски: Верушевски побара да се прислушуваат Груевски и Мијалков

Првите документи ги изнесов на екстерен диск низ ходниците на МВР, изјави сведокот Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште на предметот „Таргет-Тврдина“, објаснувајќи дека, доколку го застанеле и прашале што е тоа бил спремен да го скрши.

2041
Првите документи ги изнесов на екстерен диск што Звонко Костовски ми го даде во ходниците на МВР,  изјави сведокот Ѓорѓи Лазаревски на денешното рочиште на предметот „Таргет-Тврдина“, објаснувајќи дека, доколку го застанеле и прашале што е тоа бил спремен да го скрши.

Според Лазаревски, првпат Звонко Костовски „експлодирал“ во 2010 година, но тогаш извадил само СМС пораки на це-де, а првите документи ги криптирал на екстерен диск. Документите ги чувале во база на податоци, која ја крстиле „алес“.

Појасни дека откако Звонко се нафатил да ги чуваат во податочна база, бидејќи знаел што е легално, а што нелегалното, му кажал дека бројот на нелегалните лица што се прислушувале ги надминува легалните и дека е невозможно се да се изнесе.

– Повеќе од година ми даваше це-деа, а подоцна и на стик. Откако проучивме како да ги извадиме податоците се поврзавме со Зоран Верушевски. На Верушевски дискот му го дадов кон крајот на 2010 година – изјави Лазаревски.

Појасни дека Звонко го правел изборот на таргетите кои потоа им ги предавал и затоа го викале „селектор“, додека Верушевски најчесто кажувал што треба, а што не бидејќи имало многу фајлови.

На почетокот се концентрирале на судија на опозицијата, но потоа увиделе дека се појавуваат актуелни функционери од владејачката партија.

– Звонко сметаше дека Миле Јанакиевски и Гордана Јанкуловска се нелегално прислушувани и затоа ги вадеше и тие фајлови – изјави Лазаровски.

На прашање од судијата од каде бил сигурен дека нема судски налог за снимање, Лазаревски рече дека Звонко имал комплетна документација кои се легални, а кои нелегални.

– Во еден период Верушевски побара доколку може да бидат маркирани премиерот Груевски и директорот Мијалков. Ние тоа го свативме на шега, но ни беше побарано – изјави Лазаревски.

Претходно, на прашање од СЈО, Лазаревски објасни дека со работата на маркирачите подобро се запознал во 2012-2013 година, кога бил стациониран каде што се врши маркирањето, нагласувајќи дека тие со нив немале судски одлуки, односно носеле само маркери-стикери.

Според сведокот, клучната причина Звонко да се реши да ги експортира податоците било тоа да не се злоупотребува системот.

– Главен мотив му беше што кога со полициски упад се влезе во А1 телевизијата и тоа беше преломниот момент кога решивме ова да го направиме. На средба со Верушевски му кажав што мислам, а тој рече дека сето тоа треба да се зачува и изанализира -изјави Лазаревски.

Во „Таргет-Тврдина“ освен екс директроот на УБК Сашо Мијалков, обвинети се и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...