Во Полициската станица Кичево, Г.Н.(57) вчера пријавил дека при чистење на дворот од сопствената куќа пронашол една артилериска граната калибар – 110 мм од Првата светска војна.
Од страна на припадници на Дирекцијата за заштита и спасување пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.