Арсовски: Шилегов да се извини, а не да лечи комплекси

1478

Вчера јавноста беше сведок на скандалозно однесување на Петре Шилегов каде што упатува навреди на советничка, на жена која што го искритикувала за справувањето со кучињата бездомници и тоа е за секаква осуда и ние го осудуваме таквото однесување на Петре Шилегов, рече Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес конференција.

-Тоа е Петре Шилегов. Тој во најмала рака треба да се извини и на советничката и на Советот меѓутоа и на целата јавност која што го виде, за жал тој клип. И можам само да порачам  дека фрустрациите и комплексите не се лекуваат на овој начин како што тоа го прави Петре Шилегов, туку треба да најде друг начин и да заборави на заканите навредите и омаловажувања  кои што ги упатува кон советниците на Град Скопје, особено кон една жена која што е и советничка – додаде Арсовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...