Мизерен е оној кој мора некого да понижи, за да се издигне самиот себе, напиша на својот Фејсбук екс-премиерот Никола Груевски, цитирајќи го нобеловецот Иво Андриќ.
Постот на Груевски доаѓа во период на очекување на датумот на кој поранешниот премиер треба да се јави на издржување на затворската казна која му е одредена во предметот „Тенк“.
Тој во четврток треба да се јави во затворот во Шутка на издржување на казната затвор, а утре собраниската Комисија ќе расправа за предлогот да му се одземе мандатот поради недостојност за извршување на функцијата.