Османи: Академската заедница е клучен фактор за подготовката за преговори со ЕУ

70

Продолжување и зајакнување на соработката во рамките на Меморандумот за соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и МАНУ во насока на реактивирање на Советот за европска интеграција во рамките на Академијата, е темата за која разговарале вицепремиерот Бујар Османи на работната средба со претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Таки Фити.

– Имајќи ги предвид напредокот во европските интеграции, особено почетокот на објаснувачкиот скрининг, потребно е да ги активираме механизмите за идентификување, мапирање и вклучување на разни експертски и стручни капацитети кои припаѓаат на академската фела, но исто така, од аспект на подготовката за почеток на преговорите, мапирање на сите научни и истражувачки капацитети и поединечни експерти кои се на располагање по Поглавјата и подрачјата од правото на ЕУ – рече Османи.

Вицепремиерот го информирал претседателот на МАНУ и за напредокот во исполнувањето на реформскиот процес, посочувајќи на инклузивноста наметната уште при имплементацијата на Планот 3-6-9, за што посочи и на потребата и од зајакнување и продлабочување на соработката во специфични области дефинирани и во Планот 18 – правосудство, јавна администрација и безбедносните системи.
Соговорниците изразија согласност дека соработката меѓу СЕП и МАНУ мора да продолжи, и согласно предизвиците од европските интеграции, и да се интензивира.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...