Несреќен крај на потрагата: Девојчето од Гостивар пронајдено мртво во Вардар

Телото било пронајдено од жители на селото, а било извлечено од  полициски служби. Лекарите констатирале смрт.

1086

Девојчето кое што вечерва падна во водите на реката Вардар во Гостивар, е најдено без знаци на живот во близината на Балиндол, пишува „Гостиварпрес“.

Телото било пронајдено од жители на селото, а било извлечено од  полициски служби. Лекарите констатирале смрт.

Се очекува на терен да излезе и јавен обвинител кој ќе изврши увид. Исто така се очекува од МВР повеќе детали околу овој случај. Неофицијално девојчето бегало од глутница кучиња, при што паднало во водите во Вардар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...