Во Гостивар се трага по девојче кое паднало во Вардар

Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во близина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата.

367

Екипи на полицијата, Дирекцијата за заштитата и спасувања и пожарникари започнаа потрага по девојче кое паднало во водите на Вардар во Гостивар.

Според првичните информации, девојчето околу 19 часот во близина на гостиварската болница било нападнато од глутница кучиња. Најверојатно во паниката од нападот тоа побегнало кон едниот брег на Вардар и паднало во водата.

Набрзо потоа граѓани пријавиле во полициска станица Гостивар од каде е организрано пребарување на коритото на Вардар.

Екипи го пребаруваат теренот по течението на Вардар до селото Балиндол.

Засега не е познат идентитетот ниту возраста на девојчето, а во меѓувреме од ЕЛЕМ е побарано да го намали нивото на водата за да биде полесно пребарувањето кое сé уште е во тек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...