Македонски државјанин уапсен во Италија со три килограми кокаин

292

На граничниот премин Комо Брогеда (Como Brogeda), на италијанско-австриската граница, полиција уапсила 40-годишен македонски државјанин, во чиј автомобил открила три килограми кокаин.

Македонскиот државјанин, чиј идентитет не се наведува, кој патувал со луксузен автомобил марка „БМВ7“ изјавил дека се враќа од Холандија и оти патува за Албанија.

При конрола на возилото биле откриени три пакетчиња од по килограм чист кокаин, скриени во посебно направен дел во внатрешноста на луксузниот авотмобил. Одземени се и возилото, како и два мобилни телефона.

Уапсениот македонски државјанин, кој е пренесен во затворот Bassone (Como), според италијанските медиуми ќе одговара за меѓународна трговија со дрога.

Под ова обвинение му се заканува затворска казна од шест до 20 години и парична казна од 26 илјади до 260 илјади евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...