Утре координација во Собранието за комисијата за помирување

72
Претседателот на Собранието Талат Џафери утре ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи.

Од Собранието информираат дека по иницијатива на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Подобра Македонија“, на координацијата ќе има една точка на дневен ред формирање  „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...