Александар Николовски, член на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните треба да им објасни за причините за неговата средба со Синиша Алексовски, советник за безбедност во Кабинетот на Ѓорге Иванов, соопшти СДСМ.
– Алексовски во одредени медиуми се споменува секогаш кога станува збор за странско влијание во земјава, коешто се противи на НАТО и ЕУ интеграциите на Македонија. Дали Николовски кој пред неколку дена рече дека не е можен подобар Договор со Грција е принудуван јавно да се откаже од овој негов став? Јавноста ги очекува одговорите од Николовски и поради информациите за вмешаност на Алексовски и со настаните во Собранието од 27 април, стои во соопштението.