Помирувањето на почек до другиот понеделник

128

За формирање на комисијата за помирување, за што иницијатива достави независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ќе се разговара на следната координација, најверојатно идниот понеделник. Тоа е договорено на денешната редовна координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Ова од причини што координаторот на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Елизабета Канческа Милевска не присуствувала поради обврски поврзани со денешната посета на претседателот на австрискиот Национален совет, Волфганг Соботка.

На координацијата, иако поканет не присуствувал новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата За подобра Македонија Никола Мицевски. Со официјален допис дека тој е новиот координатор на пратеничката група кабинетот на Џафери бил известен во петокот доцна попладне.

На координација не бил утврден датум за пленарната седница за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски. Било одлучено да се почека извештајот на матичната Комисија за мандатно-имунитетни прашања, чија седница е закажана за утре. Претседателот на комисијата Павле Богоевски е задолжен да го информира спикерот Џафери за одлуката на ова собраниско тело.

На координацијата се зборувало и за други тековни активности на Собранието

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...