Навалица за вакцини, над 300 скопјани се заштитија против грип 

195

Мошне голем е интересот за вакцинација против сезонски грип – изјави денеска раководителот на Одделението за епидемиологија при Центарот за јавно здравје Скопје, д-р Билјана Даниловска.

Вакцинацијата се одвива во повеќе ординации. Во едни, како што посочи д-р  Даниловска, се вакцинираат лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, како и оние што немаат пензија, за кои вакцината е бесплатна, односно тие се преку „МојТермин“. Во други ординации се вакцинираат лица со наплата од 650 денари, чиј број од изутрината досега изнесува 300.

-Центарот за јавно здравје за Скопје обезбеди 4.000 вакцини за лицата кои ќе се вакцинираат со наплата, а Министерството за здравство предвиде 5.000 дози за скопското подрачје за сите за кои вакцините ќе бидат бесплатни. Работиме во две смени, а со пациенти од 7:30 до 18:30 часот – појасни д-р Даниловска.

Оваа година вакцината е четиритипна и за северната хемисфера (според препораките од СЗО) каде и ние припаѓаме, а штити од два типа на А и два типа на Б вирусот на грип.

– Грипот е многу тешко заболување кое може да доведе и до повеќе компликации. Затоа е препорачливо луѓето да се вакцинираат. Вакцината е наменета за целата попуалција на возраст над шест месеци, но посебно индицирани, ризични групи се лицата над 65 години, лицата со хронични болести, намален имунитет, малите деца на возраст до пет години, сите кои работат во јавниот сектор и кои доаѓаат во контакт со многу луѓе меѓу кои се и здравствените работници – додаде Даниловска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...