Бизнисмените изненадени од брзите даночни измени

Донесувањето на вакви промени во кус рок, односно 60 дена пред примената е лошо за компаниите кои веќе ги имаат направено плановите за наредната година.

484

Не треба да се избрзува со даночните и пензиските реформи пред да се извршат темелни консултатии со заинтереисраните страни, реагира Стопанската комора. Оваа реакција уследи по најавата дека од почетокот на идната година стартува прогресивното оданочување кај персоналниот данок од доход и се предвидува зголемување на стапката на придонесот за пензиско осигурување.

– Конечен став по ова прашање Стопанската комора ќе има утре по вонредната седницата на Управниот одбор на која ќе се анализираат реформите, нивната примена и влијанието врз бизнисите, работниците и продуктивноста, но генерално наш став е дека не треба да се избрзува со ваквите мерки пред да се извршат целосни консултации – изјави Татијана Штерјова, советник на Управниот одбор на Стопанската комора.

Споед неа, донесувањето на вакви промени во кус рок, односно 60 дена пред примената е лошо за компаниите кои веќе ги имаат направено плановите за наредната година.

– Овие промени не се дискутирани. Ставени се како предлог текст со примена за два месеца што не соодветствува на барањето секој текст на закон да се се дискутира во одреден период пред да се изгради како предлог текст- вели Штерјова.

Од Комората потсетуваат дека неодамна заедно со другите три комори доставиле предлог до Владата да се одложи почетокот на даночните реформи за пет години. Бизнис заедниците и сега како и во изминатиот период бараат да не се носта закони по скратерна постапка туку да се води прво расправа за предлозите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...