Петмина повредени во девет сообраќајки во Скопје

100

Едно лице било потешко повредено во една од вкупно девет сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки полесно биле повредени четири лица, а материјална штета биле причинета во четири сообраќајки.

Сообраќајната полиција санкционирала 10 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал на крстосница на црвено светло.

Од сообраќај биле исклучени тројца возачи кои возеле под дејство на алкохол, 12 возачи пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и двајца возачи почетници, како и девет технички неисправни возила. Затекнати биле и 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак отстранети биле 42 возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...