Околу еден час се слушаа бомби за локалните избори во 2013 година на рочиштето за случајот Титаник на СЈО, по што судењето заврши, а дел од обвинетите треба да се појават на други рочиша.
Никола Груевски и Миле Јанакиески треба да бидат на рочиште за Насилството во Општина Центар, кое беше закажано во ист термин но се пролонгираше за подоцна во текот на денот токму поради тоа што двајцата обвинетите беа на судењето за Титаник.
Од иста причина доцнеше и почетокот на рочиштето за 27 април, каде обвинет е Мунир Пепиќ кој прво беше на судење за Титаник.
Рочиштето за Насилството во Општина Центар се уште не е почнато, додека на тоа за 27 април во моментов се гледаат нови снимки од безбедносните камери во еден од ходниците во Собранието кој води кон прес салата.
- Испечени се од сонцето ама подобро знаат македонски од тие од Кавадарци, му кажуваат на Јанакиески за гласачи од Мала Преспа
- Кои пари се за Србите, а кои за „шиптарите“, објаснува Јанкулоска во „бомбите“