Градоначалниците на Дојран и на Свиштов во Република Бугарија, денеска си подадоа рака со договор за збратимување помеѓу двата града.
Градоначалниците на Дојран, Анго Ангов и на бугарскиот град кај Дунав, Генчо Генчев ја отворија официјално трката со кајаци, која собра стотици локални гледачи и туристи „Под јаворите“ на брегот на Дојранското Езеро.
Од Софија пристигнаа професионални кајакари кои ги демонстрираа своите вештини во бистрите води на езерото.
Настанот беше организиран од Општина Дојран, 33-ти Свиштовски полк, Фондација Бугарска Памет, Југоисток Плус, Бугарско-Македонски Младински Клуб и Бугарски Културен Клуб-Скопје во чест на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.