ФОТОВЕСТ За што ли разговараат Александар Николовски и Синиша Алексовски, советникот на Иванов?

Александар Николовски е втор човек во ВМРО-ДПМНЕ, а Синиша Алексовски е име кое фреквентно се спомнува кога се зборува за руското влијание во Македонија, но и за „Бојкотирам“.

7741

На фотографијата, која попладнево осамна на еден од нашите портали, се потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски и Синиша Алексовски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, човек чие име често се спомнува кога се говори за руското влијание во Македонија, а се доведува во врска и со движењето „Бојкотирам“.

Вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ, најблискиот соработник на лидерот Христијан Мицкоски, и Алексовски, во опуштена атмосфера, разговараат во едно од скопските кафулиња. Порталот што ја објави фотографијата прави разни претпоставки за тоа што е тема на муабетот. Се разбира, содржината на разговорот е приватна работа, но фактот дека се одржала ваква средба, во околности кои се познати, можеби укажува на политички релации за кои ВМРО-ДПМНЕ беше обвинувана деновиве, имено за отворено напуштање на прозападната ориентација.

А можеби и не. Можеби двајцата си разговарале само за мечот Ѓоковиќ – Федерер… Недела, скопски и – сѐ е можно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...