Мицкоски: Од среда почнува жестока дебата во Парламентот ВИДЕО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Сител вели дека одлуките кои стигнуваат во Собрание ги добиваат сосема неочекувано, како што вели, „во пет минути до 12“, истакнувајќи го како пример вметнувањето на Охридскиот договор во амандманите.

1469

За опозицискиот лидер, ваквото несериозно однесување од Владата автоматски повлекува и промена на стратегијата за тоа како треба да се делува.

– Јас очекувам жестока критика во среда, на сето она кое што ќе биде предложено од владејачкото мнозинство и од Владата и во рамките на комисиската расправа, а потоа и во рамките на собраниската расправа од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за Подобра Македонија. Сето она кое што претходно го излажаа од страна на владеачкото мнозинство да биде демаскирано и презентирано пред македонската јавност, за да види со какви политичари има работа по кој знае кој пат, кои што едно зборуваа претходно, а друго всушност имплементираат на дело. Станува збор за егзибистионистички политичари, кои носат стихијно одлуки – рече Мицкоски.

Тој негира дека треба да се помириме да живееме со Преспанскиот договор и набргу очекува предвремени избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...