Граѓаните на протест бараа правда за животните

Стационарите да бидат под раководство на активисти и да се спроведуваат инспекциски надзори со високи казни за нерегистрирани и напуштени миленици, се меѓу неколкуте барања на Здруженијата за заштита на животни, кои денеска со протестен марш алармираа за нехуманиот третман врз бездомните животни.

531

Стационарите да бидат под раководство на активисти и да се спроведуваат инспекциски надзори со високи казни за нерегистрирани и напуштени миленици, се меѓу неколкуте барања на Здруженијата за заштита на животни, кои денеска со протестен марш алармираа за нехуманиот третман врз бездомните животни, објави Радио МОФ.

На протестот со рута Собрание – Влада – Град Скопје се придружија повеќе граѓани и љубители на животни. Дел дојдоа и со своите миленице, на велосипед или пешки.

Се говореше од мегафон, а голем број демонтранти држеа и пароли: „Во Дрисла ја закопавте вашата совест“, „Убиство не е природна селекција“, „Правда за животните“, „Казни за напуштени миленици“, „Дајте го Вардариште“…

Здруженијата нагласија дека е потребен и Прaвилник и Регистар на одледувачници кои ќе плаќаат уредно данок, со што ќе се спречи да работат на црно и да се зголемува притоа бројот на бездомни животни низ градот. Исто така, контрола со бездомните животни би се зголемила доколку и Советите усвојат одлуки за одданочување на сопственици со репродуктивно способни миленици, но и одлука за субвенциии за оние што сакаат да го кастрираат миленикот.

Притоа, Министерството за образование и наука, во соработка со АХВ, Градот, сите општини и останатите институции конечно да се пуштат во акција. Да спроведат масовна едукација во двете, како што ги велат, задолжителни нивоа на образование – одговорно сопствеништво и вдомување наспроти купување миленик.

 

фото: Радио МОФ

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...