Почина „сметководителот” на Аушвиц

879

Оскар Гренинг, познат како „сметководителот на Аушвиц”, почина во Германија на 96-годишна возраст, објави Шпигл.

Гренинг беше еден од последните што беше обвинет за злосторствата во Аушвиц.

Во 2015 година, тој беше осуден на четири години затвор за „соучество” при убиство на 300.000 од милионите убиени во Аушвиц.

Гренинг беше во болница и не започна со отслужување на казната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...