Славески: Прогресивниот данок ќе ги зголеми сивата економија и невработеноста

454

СДСМ е на пат да ја уништи македонската економија, обвини поранешниот министер за финансии Трајко Славески, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на прес-конференцијата на министерот за финансии, Драган Тевдоски.

Славески, кој пред десет години како минитер за финансии го воведе рамниот данок во Македонија, обвини дека со прогресивното оданочување Владата оди против барањата на бизнисот за петгодишно одложување на реформата.

Тој смета дека прогресивниот данок ќе ги зголеми даночната евазија, сивата економија и невработеноста.

– СДСМ е на пат да ја доуништи македонската економија. Со денешната најава на Министерството за финансии, односно Владата да воведе прогресивно одданочување, ќе го напушти концептот рамен едноставен данок кој функционираше 11 години, и ќе ја доуништи македонската економија. Сето ова е поврзано со крајно катастрофалните резултати во изминатите месеци со владеењето на власт на СДСМ, сега се најавува и зголемување на даноците, и покрај сите укажувања од бизнис заедницата дека тоа би било погрешна мерка. СДСМ одстапи од ветеното враќање на 15 отсто од прибраниот данок на додадена вредност на граѓаните, доколку ги приложат фискалните сметки, и оваа реформа е одложена најверојатно до недоглед. Наместо тоа, се зголеми акцизата на горивата, мерка која што значително ги погоди граѓаните по џеб. Прашање е до кога граѓаните ќе го толерираат ваквото однесување на СДСМ – изјави Славески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...