Нов детски парк и урбан сквер во Карпош ВИДЕО

322

Граѓаните од Нерези и Тафталиџе 2 во општина Карпош добија нов детски парк и урбан сквер.

Новиот парк денеска на денот на општината 3 ноември, го отвори градоначалникот Стефан Богоев, заедно со заменик министерот за животна средина Јани Макрадули и со заменик министерот за култура Владо Лазовски, како и со претседателот на Советот на општина Карпош, Андреј Манолев и советниците.

На отворањето на паркот Богоев, како што информираат од општина Карпош, Богоев посочил дека во него се засадени нови 15 дрва и нови растенија–лаванди, а поставените детски реквизити се од еколошки материјали.

Во рамки на одбележувањето на Денот на Карпош, изминатата недела беа организирани хуманитарна и крводарителска акција, засадени 200 нови дрвја и донирани прочистувачи за воздух за градинката „Орце Николов” во Карпош 4, информираат од општината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...