ВМРО-ДПМНЕ: Имаме видеа како се праќале пораки на работници да гласаат на референдумот

Заев на предреферендумски собир во Крива Паланка, вели: „Денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“. Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се отвораат перспективи. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

1152

Постои видео инсерт од предреферендумскиот собир на Заев во Крива Паланка, каде што Заев вели: „Денеска во Владата се видовме со инвеститорот на „Минстрој“. Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се отвораат перспективи. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците“.

Ова е дел од денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев во говорот продолжува и вели: Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почастете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека ова е директен повик за поткуп при избори и гласање казниво согласно чл.162 од КЗ и е директно загрозување на правото на слободата на гласачите, со што се крши чл.160 од КЗ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...