Уапсен штипјанец со 80 килограми марихуана

286

Во полициската акција запленети се околу 80 килограми марихуана, во куќа во Штип, соопшти МВР. Дилерот Б.С.(40) е уапсен и му е одреден притвор од 30 дена.

Завчера по претходно добиени оперативни сознанија за поседување на поголема количина марихуана, на регионалниот пат Штип-Плачковица, кај селото Стар Караорман, полицајци го сопреле Б.С. кој се движел со велосипед.

Во неговиот ранец биле пронајдени две најлонски кеси во кои имало марихуана со тежина од околу 3 килограми и 8 рачно изработени цигари.  Вчера полицијата извршила претрес во домот и помошни просториина Б.С. во Штип и пронашла повеќе најлонски вреќи со марихуана во тежина од околу 74 килограми и други предмети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...