Петнаесетгодишник со мопед прегазил врсник

86

Петнаесетгодишно момче било тешко повредено откако било прегазено од мотоцикл што го управувал негов врсник, синоќа во велешкото село Бузалково.

Сообраќајката се случила во 21.30 часот во селото Бузалково, кога 15-годишник од селото, управувајќи мопед „кивеј“ со велешки регистарски ознаки, удрил во 15-годишниот пешак од истото село, соопшти МВР.

Во сообраќајката пешакот бил тешко повреден, а мотоциклистот се здобил со полесни повреди.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...