Фудбалската Супер лига ќе биде само за „богатите и славните“

445

Сајтот „Фудбал ликс“ продолжува со објавувањето на „скриените“ информации од светот на фудбалот, и една посебно треба да ги загрижи сите фудбалски фанови, посебно тие од источна Европа.

Покрај информациите околу финансиските „злоупотреби“ направени од УЕФА и ПСЖ и Манчестер сити, една од очекуваните вести беше околу формирањето на европската Супер лига, каде што би играле најбогатите 16 европски клубови.

Според „Дер шпигел“ во јануари 2016 година врвните европски клубови „зад грбот на УЕФА и на националните федерации“ почнале преговори за формирање на Супер лига: Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер сити, Баерн Минхен, Јувентус, Милан, Пари Сен-Жермен.

Овие 11 клубови, кои би биле основачи на Супер лигата, би играле без можност за испаѓање и би имале гарантирано мето во следните 20 години, а дополнителни пет клубови би биле поканети како „гости“: Интер и Рома од Серија А, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд и Олимпик Марсеј.

Според „Дер шпигел“, овој договор подоцна бил користен како аргумент во дискусијата со УЕФА за поголем дел од парите од Лигата на шампионите, но идејата не е мртва – само пред неколку дена било пратено писмо од 13 страни во кое се утврдуваат основите на Лигата.

Со овој план, Лигата на шампионите би била „елиминирана“ уште во 2021 година. Ова за помалите клубови од големата „петорка“ (Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија) ќе значи дека веќе не постои „мотивот“ да се стигне до топ 4 место кое носи во ЛШ, додека (релативно) помалите клубови од централна и источна Европа, воопшто не се споменати како опција./Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...