Претседателот на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски за во втроник на 6 ноември ја закажа седницата на која ќе се разгледува предлогот за одземање на мандатот на поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски.
Информацијата е објавена на веб страницата на Собранието. Седницата е закажана откако судот го извести Собранието дека пратеникот е осуден на двегодишна затворска казна за случајот Тенк.
Комисијата ќе треба да одлучи дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратеник и ќе даде препорака, а конечниот збор ќе го има Собранието.
За одземање на мандатот потребно е двотретинско мнзоинство, кое е тешко достижно со оглед што 8-те пратеници од новата пратеничка група денеска соопштија дека нема да поддржат таква одлука.