Палатата, штабовите и останатиот недвижен имот на ВМРО-ДПМНЕ кој се состои од 69 објекти остануваат замрзнати, соопштија од Основниот суд Скопје 1 откако кривичниот совет ја одбил жалбата која вчера ја поднесоа од партијата.
– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка кој го уважи предлогот на СЈО и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена со предлогот. Советот, по ценење на фактите и доказите во жалбата, донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка, соопштија од судот.
Барањето за замрзнување на имотот СЈО го поднесе откако Христијан Мицкоски најави можам продажба или издавање под кирија на Белата палата нешто што не му одговара на обвинителатвото поради предметот „Талир“ кој се однесува на незаконско финансирање на партијата.