Француската министерка за еднаквост ја скарти својата коса и ја донираше за добротворна организација што прави перики за жени болни од рак и ги охрабри другите луѓе да го следат нејзиниот пример.
Министерката Марлен Скјапа онлајн објасни зошто се одлучила да ја потстриже својата коса заедно со нејзината сестра, којашто ја донира косата на секои две години – имајќи ги предвид сите други сметки за медицински услуги, цената на периките може да биде превисока за пациентите болни од рак.
– Кога жената има рак, сметките нагло се зголемуваат и не станува збор само за плаќање на лекарските услуги. На пример, има жени што по хемотерапијата ја изгубиле косата, но не можат да си дозволат да купат перика каква што сакаат – напишала 35-годишната министерка на Фејсбук.