Исклучените пратеници од ВМРО – ДПМНЕ нема да гласаат против пратеникот Груевски
loading...
Нема да гласам за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, одговори Елизабета Канческа Милевска, координаторката на новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија на новинарско прашање, а тоа го потврдија и другите нејзини колеги кои денеска присуствуваа на прес конференција во Собранието – Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Нола Исмајловска-Старова и Емилија Александрова.
Павле Богоевски, претседателот на собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања, пред два дена за Плусинфо, изјави дека во законски предвидениот рок од 15 дена ќе ја свика седницата на која треба да се расправа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски. Претходно, кривичниот суд испрати известување до Собранието дека Груевски е осуден на правосилна казна затвор од две години.