Нашите амандмани ќе бидат вградени во предлогот кој Владата ќе го достави до Собранието, изјави денеска координаторката на новата пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска.
Таа рече дека такво ветување добиле од премиерот Зоран Заев на синоќешната средба, но текстот на амандманите, како што рече, сѐ уште го нема видено.
– Баравме амандаман со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет, со обрвска на државата да го штити културното наследство. Второ, ако Грција не го ратификува Договорот и повторно блокира, поништување на сите уставни амандамни. Третиот амандман се однесува на постепената примена на промената на името за внатрешна употреба- рече Канческа-Милевска.
Ова, како што рече, е важно, оти нема да се остави можност да ја прифатиме географската одредница и Грција повторно да блокира.
Канческа-Милевска рече и дека активно ќе се следи јавната расправа во која ќе се вклучат да дадат придонес.
– Во оваа фаза на уставне амандмани само со дебата и кретаивност ќе дадеме што повеќе – рече таа.
Канчевска -Милевска апелираше до нејзините колеги од ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат во сите процеси на расправа за текстот на со нацрт- амандманите.
Таа информира дека иницијативата за помирување е предложена како интерапартиско парламентално тело за помирување и интеграција.
– Се надевам дека на координацијата во понеделник ќе се одреди методологија. Да одиме во насока на помирување. Ни треба соработка и обединување. Очекувам и треба да земат учество и колегите од ВМРО-ДПМНЕ – рече Канческа -Милеска.