Како роб држеле Полјак, професорка и нејзиниот сопруг во Англија

544

Универзитетска професорка и нејзиниот сопруг се уапсени под обвинение дека четири години држеле градежен работник како роб во шупа во Англија.

Притпал Бининг (56) и нејзиниот сопруг Палвиндер (54) се товарат дека држеле работник против неговата волја додека работел на нивната куќа во Хемпшир, вредна 1,2 милиони фунти, пренесува „Метро“.

Брачната двојка е уапсена по рација во Чилворт, село во Хемпшир. Работникот влегол во локалниот Дом на здравје и на вработените им кажал дека е прсилен да работи за храна и тоа со поминат рок, дека спие на пластична лежалка за сончање во бетонска шупа во која е многу студено. Името на работникот не е откриено, туку само дека е од Полска и е на возраст од околу 40 години.

– На крајот на градината се наоѓа бетонска шупа, во која е исклучително студено, нема кревет, ниту соодветни санитарни услови, нема тоалет – изјави Тони Бирн, истражител кој се занимава со заштита на работници од злоставување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...