ВМРО-ДПМНЕ бара под итно судот да ѝ го одмрзне имотот

424

ВМРО-ДПМНЕ бара под итно судот да го укине решението за замрзнување на имотот затоа што, смета дека тоа е неосновано, противправно и недозволено.

„Заканите, уцените и блокадите нема да го исплашат ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите потези само укажуваат дека партијата е на вистинската страна во одбрана на државата и дава дополнителна мотивација во одлучноста за борбата за Македонија против оваа антимакедонска и антидржавна власт.

СДСМ и Зоран Заев по примерот на комунистичките режими го направија последниот чекор да ја спречат ВМРО-ДПМНЕ во своето работење. Власта преку заробеното судство го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што знае дека партијата е последниот бедем кој застана во одбрана на државата и државните интереси“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта, според партијата, е да се спречи политичкото делување на ВМРО-ДПМНЕ и, како што велат оттаму, неговото спротивставување на грабежот кој го спроведува криминалниот картел на СДСМ и продажбата на сѐ што е македонско.

„Партиското послушно судство за да му удоволи на аболицираниот Зоран Заев неосновано и без никаква правна аргументација го прифати барањето на СЈО-СДСМ. Судот го занемари фактот дека ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не е осомничено во постапка, а исто така се занемари и одлуката на Апелација која го веќе еднаш го отфрли ваквото барање. Токму затоа причините за ваквата одлука се исклучиво политички мотивирани и имаат за цел да се уништи секое поинакво политичко размислување и дејствување кое се разликува од антидржавните политики на Заев и СДСМ“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...