Шведската фудбалска ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ, ја објави втората биографија на пазарот.
По „Јас сум Златан“, во која раскажува за својот живот надвор од теренот, сега шведскиот напаѓач објавува книга „Јас сум фудбал“, во која се опишува неговата спортска кариера.
– Ќе има многу слики и интервјуа со мене и со луѓето со кои сум работел. Очекувајте ја на шведски, дански, холандски, фински, француски, италијански и норвешки – напиша Златан во социјалните мрежи.