Карагер суспендиран од „Скај Спортс“ откако плукна фан (Видео)

199

Скандалозното видео со учество на Џејми Карагер, кое се појави на социјалните мрежи денеска, не остана без последици за легендата на Ливерпул.

На клипот се гледа како фан на Манчестер Јунајтед го иритира поранешниот фудбалер на „црвените“, повторувајќи го резултатот од дербито помеѓу двата тима овој викенд – 2:1 за „црвените ѓаволи“.

Карагер не издржа на провокацијата и плукна кон прозорецот на автомобилот на противничкиот фан, кој патуваше со 14-годишната ќерка.

Легендата на Ливерпул е еден од главните експерти на „Скај Спортс“, а од медиумот презеле мерки по скандалот. Според британски медиуми, Карагер е суспендиран од работа, но се уште не е отпуштен.

„Скај Спортс“ се однесува сериозно во врска со ова прашање. Во моментов тој е отстранет од работа. Оваа постапка е далеку пониска од стандардите што ги очекуваме од луѓето, се вели во официјалното соопштение на каналот.

Фото: EPA/PETER POWELL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...