По двете одлoжени рочишта, денеска треба да продолжи судењето за „27 април“

83
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија минатата година.

Случајот се наоѓа во доказна постпака и се изведуваат видео материјали од безбедносните камери во Собранието.

Судијката Добрила Кацарска минатите две рочишта (среда и четврток) ги одложи поради влошена здравстевна состојба на обвинетиот Сашко Марковски кој беше хоспитализиран откако на рочиштето во вторникот со екипа на Брза помош беше пренесен во болница.

За случајот „27 април“ обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...